спорт

Англиско дерби на УЕФА Супер купот

За првпат во историјата на УЕФА Супер купот, кој ќе се одигра утре во Истанбул, ќе се сретнат два англиски клуба, Ливерпул и Челси

Hüseyin Burak Demirer   | 13.08.2019
Англиско дерби на УЕФА Супер купот

АНКАРА (АА) - ХУСЕИН БУРАК ДЕМИРЕР –

Супер Купот е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Европа Лигата. За првпат во историјата на УЕФА Супер купот, кој ќе се одигра утре во Истанбул, ќе се сретнат два англиски клуба, Ливерпул и Челси, јавува Anadolu Agency (AA).

Супер купот на УЕФА за првпат се одигра во 1973 година. До 1998 година, во Супер купот се играле по два натпревари (на домашен и на гостински терен). На утрешниот натпревар на УЕФА Супер купот 2019, по 8. пат ќе се сретнат екипи од иста земја.

Италијанските екипи Милан и Сампдорија се сретнаа во 1990 година, додека Милан и Парма во 1993 година. Шпанските претставници Барселона и Севилја во УЕФА Супер купот се сретнаа во 2006 и 2015 година, додека Реал Мадрид и Севилја во Супер купот играа во 2014 и 2016 година. Во 2018 година, за Супер купот се бореа шпанските екипи Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Во 1990 година, Милан, совладувајќи ја Сампдорија на домашен терен со 2:0, го освои Супер купот. Првиот натпревар заврши со резултат 1:1. Во 1993 година, Парма, кој првиот натпревар го загуби со резултат од 1:0, стигна до трофејот со победата од 2:0, и тоа на продолжението од натпреварот.

Во 2006 година Севилја ја совлада Барселона со 3:0, а во 2014 година Реал Мадрид ја совлада Севилја со 2:0. Шампионите за 2015 и 2016 година беа познати по одиграните продолженија. Во 2015 година Барселона ја совлада Севилја со резултат од 5:4, додека во 2016 година, Реал Мадрид исто така ја победи Севилја со резултат од 3:2.

Во 2018 година, за првпат во историјата на УЕФА Супер купот се сретнаа две екипи од ист град. Атлетико Мадрид ја совлада екипата на Реал Мадрид со 4:2. Во нормалниот тек натпреварот заврши со резултат од 2:2.

Натпреварот Атлетико Мадрид - Реал Мадрид, беше првиот натпревар во Супер купот на УЕФА во кој се соочија екипите на истиот град.

Годинава за првпат два англиски клуба ќе бидат дел од Супер купот.

- Ливерпул го сака четвртиот трофеј, а Челзи - вториот 

Без оглед на тоа кој ќе победи за првпат по 2005 година, УЕФА Супер купот ќе замине во Англија.

Ливерпул на „Водафон Арена“ како последен сопственик на Купот на Лигата на шампионите на УЕФА, по 6. пат ќе се натпреварува во УЕФА Супер купот. Ливерпул Супер купот го освои во 1977, 2001 и во 2005 година. А во 1978 и 1984 година загуби.

Челси, шампионот на УЕФА Европа лига за Супер купот ќе се натпреварува по четврти пат. Супер купот го освои само во 1998 година, додека во 2012 и 2013 година беше поразен.

- 11. натпревар во европските купови

Ливерпул и Челси во европските купови досега се сретнаа 10 пати, и тоа сите во Лигата на шампиони. Во тие натпревари Челси победи на 3, Ливерпул на 2 натпревари, а 5 натпревари завршија со нерешен резултат. Челси постигна 12, Ливерпул постигна 10 гола.

Меѓу двата клуба досега одиграни се официјални 182 натпревари. На 78 натпревари победи Ливерпул, на 63 Челси, а 41 дуел завршија со нерешен резултат.

Екипите за последен пат се соочија во англиската Премиер лига минатата сезона. Домаќинот Ливерпул, натпреварот одигран на 14 април го доби со резултат од 2:0. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın