свет

„Anadolu Agency стана незаменлив извор на светската медиумска сцена"

Anadolu Agency е меѓународна новинска агенција која денес објавува вести на 13 јазици и има над 6.000 корисници во 93 земји од светот

Oktaj Omeragik   | 06.04.2019
„Anadolu Agency стана незаменлив извор на светската медиумска сцена"

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Anadolu Agency (AA), Шенол Казанџи, упати честитка по повод 99. годишнина од основањето на оваа институција.

Во честитката, Казанџи наведува дека Anadolu Agency, како една од најстарите институции во Турција, во исто време претставува и една од водечките светски компании.

„Нашата агенција, која е голем снабдувач со информации во Турција и светот, на чекор пред 100. годишнина од постоењето, прерасна во меѓународна структура која е присутна во речиси 100 земји и стана незаменлив извор на светската медиумска сцена“, истакна Казанџи.

- Anadolu Agency продолжува да биде веродостоен извор на вести

Anadolu Agency (AA), меѓународна новинска агенција со седиште во Турција, која објавува вести на 13 јазици и има над 6.000 корисници во 93 земји од светот, на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, 6 инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо. AA, која наредната година ќе ја прослави 100. годишнина од основањето, продолжува да биде веродостоен извор на вести во и надвор од Република Турција.

Историјатот на AA е речиси идентичен на историјата на Република Турција. Агенцијата е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред основањето на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM). AA ги објави првите закони, беше сведок на Ослободителната војна и националната борба и сведочеше за револуциите во Турција.

AA денес на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, 6 инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо.

Со отворањето на регионалните канцеларии во Латинска Америка и пацифичките земји, АА го зголеми бројот на канцелариите на 41, а со објавувањето вести на шпански и индонезиски јазик емитува вести на вкупно 13 јазици, вклучувајќи го и Сервисот на македонски јазик. 

AA сигурно чекори кон јубилејот 100 години постоење, со што ретко кои институции од таков вид можат да се пофалат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın