свет

„Тие што ја критикуваат Турција за Мировната операција во Кипар ги искривуваат историските факти“

„Странските сили и одредени кругови ги продолжуваат своите напори да ја прикажат Турција како „напаѓач“. Но, главниот окупатор на Кипар е самата Грција, која ја формираше терористичката организација ЕОКА...“, рече Татар

Mehmet Şah Yılmaz,Muhammet İkbal Arslan   | 20.07.2021
„Тие што ја критикуваат Турција за Мировната операција во Кипар ги искривуваат историските факти“ Фото: Erçin Ertürk/AA

ЛЕФКОСА / АНКАРА (АА) - Оние што ја критикуваат Турција за Мировната операција на Кипар продолжуваат да ги искривуваат историските факти, истакна денес претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Странските сили и одредени кругови ги продолжуваат своите напори да ја прикажат Турција како „напаѓач“. Но, главниот окупатор на Кипар е самата Грција, која ја формираше терористичката организација ЕОКА, го подготви планот Акритас и го изврши фашистичкиот пуч“, рече Татар.

Терористичката организација ЕОКА е одговорна за нападите врз кипарските Турци во периодот од 1957 до 1974 година.

Кипарските Грци го имплементираа планот Акритас на 21 декември 1963 година со кој се имаше намера да се искоренат кипарските Турци и да се добие контролата над целиот остров во рок од 48 часа, но кипарските Турци од сите возрасти започнаа отпор против прогонот.

Татар имаше свое обраќање на свеченоста по повод 47-годишнината од Мировната операција на Кипар што ја започнаа Турските вооружени сили за воспоставување мир и безбедност на островот и за кипарските Турци, кои искусија години на прогонство.

„Да не се спроведеше Мировната операција на Кипар, ќе имаше втор Крит, а Кипар, најстратешкото место во регионот, ќе беше анектиран кон Грција, а јужните брегови на Турција ќе беа под опсада“, рече Татар.

Тој истакна дека со Мировната операција на Кипар е уништена администрацијата - хунта, грчкиот народ ја повратил својата слобода и демократија, кипарските Грци кои се спротивставија на пучот исто така го преживеаја масакрот и „на островот Кипар беше создаден амбиент на мир и стабилност и за Турците и за Грците“.

Татар исто така нагласи дека не е пролеана крв и дека мирот е воспоставен од 1974 година.

Секоја година, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) го одбележува 20 јули како Ден на мирот и слободата со цел одбележување на операцијата - големата воена интервенција за заштита на кипарските Турци од насилствата што го зафатија островот во 1974 година.

- Отворањето на градот Мараш -

Во врска со градот Мараш на островот, кој делумно беше отворен за јавноста во 2020 година по 47 години, Татар истакна дека одлуката за отворање на градот е една исклучително важна иницијатива што ќе овозможи враќање на поранешните жители и вистинските сопственици, кои со години не можат да ги посетат своите имоти.

„Нашата цел е да го отстраниме незадоволството тука. Отворањето на градот Мараш ќе се реализира преку Комисијата за недвижен имот, со почитување на правата за сопственост и во согласност со законот. Во овие рамки, со одлуката донесена од нашиот Совет на министри, статусот на воена зона на регионот, на што отпаѓа 3,5 отсто од градот Мараш, ќе биде укинат и ќе започне втората фаза од проширувањето на Мараш.“

Татар понатаму наведе дека тие, како поседувачи на еднакви права, се решени да ги заштитат природните ресурси на нивниот континентален гребен околу островот, заедно со Турција.

Кипар е во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај неколкуте дипломатски напори на ОН за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради своја безбедност.

Во 1974 година, државниот удар на кипарските Грци со цел припојување кон Грција доведе до воена интервенција на Турција како земја гарант за заштита на кипарските Турци од прогонства и насилства.

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е основана во 1983 година.

Во последните години на неколку наврати се активираше мировниот процес, од кои дел беше и неуспешната иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци влезе во Европската Унија во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, за ставање крај на повеќедеценискиот спор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.