свет

„Саудиска Арабија го користи белгиското оружје во Јемен“

Според истражувањето, оружјето било доставено од Белгија за саудиската Национална гарда, а оваа група, како што се вели во истражувањето, не дејствува само во Саудиска Арабија, туку активно учествува во војната во Јемен

Şerife Çetin   | 08.05.2019
„Саудиска Арабија го користи белгиското оружје во Јемен“

БРИСЕЛ (АА) - Истражувањето објавено од некои медиуми и граѓанското општество во Белгија, откри дека Саудиска Арабија оружјето и муницијата што ги увезува од Белгија ги користела во војната во Јемен, пренесува Аnadolu Agency (AA).

Објавени се резултатите на истражувањето на тема „Белгиски оружја“ реализирано од „Bellingcat“ и „Lighthouse Reports“, кои се истражни платформи на белгиските медиумски органи „Le Soir“, „Knack“ и VRT.

Во рамки на ова истражување е откриено дека Саудиска Арабија во војната во Јемен ги користела оклопните возила од типот „Piranha LAV-25“, автоматските пушки од типот „FN F2000“, кои ги увезувала од Белгија, и воените авиони и танкери од типот „Airbus A330“ произведени со белгиски технологии.

Според истражувањето, оружјето било доставено од Белгија за саудиската Национална гарда, а оваа група, како што се вели во истражувањето, не дејствува само во Саудиска Арабија, туку активно учествува во војната во Јемен.

- Извозот на оружје продолжил по убиството на Кашоги

Валонскиот Регион во Белгија, кој во голема мера извезува оружје за Саудиска Арабија, по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги соопшти дека нема да постигнат нов договор со Саудиска Арабија.

Но, оваа истражна група ги испита документите на пристаништето „Анверс“ од каде што се врши извозот, и откри дека од Валонскиот Регион во Саудиска Арабија оваа година три пати бил извршен извоз на воена опрема.

- Колацијата под водство на Саудиска Арабија во Јемен

Во Јемен, каде што веќе подолг период владее политичка нестабилност, се случуваат судири меѓу Хусите и силите на Владата.

Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја, и од тој ден ги држат под контрола.

Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın