свет

„САД активно соработуваат со Турција за воспоставувањето безбедносна зона во Сирија“

Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Паладино, изјави дека Вашингтон ја земa предвид загриженоста на Анкара во врска со безбедноста

Servet Günerigök   | 20.02.2019
„САД активно соработуваат со Турција за воспоставувањето безбедносна зона во Сирија“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Роберт Паладино, изјави дека Соединетите Американски Држави активно соработуваат со Турција во формирањето можна безбедносна зона во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние активно соработуваме со Турција во врска со ова и ова е дел од нашите напори за да се овозможи безбедно повлекување на американските трупи и да го стабилизираме североисточниот дел на Сирија“, изјави Паладино на прес-конференцијата.

Во декември минатата година, американскиот претседател, Доналд Трамп, изненадно најави дека САД ќе ги повлечат сите свои трупи од Сирија и изјави дека ДЕАШ ќе биде поразен во земјата.

Сепак, оттогаш не дојде до повлекување на трупите, а Пентагон минатиот месец потврди дека дополнителни трупи ќе бидат пратени за да ги заштитат американските сили и опремата бидејќи тие се подготвуваат да заминат.

Турција постојано искажуваше загриженост во врска со безбедноста откако САД го најавија повлекувањето на трупите, велејќи дека тоа ќе им даде простор на ПЈД/ЈПГ да ги прошират своите операции.

Паладино изјави дека Вашингтон ќе ја земе сериозно легитимната загриженост на Анкара во врска со безбедноста.

„Ќе ги земеме предвид во нашите активности и имаме тековна соработка. Ние нема да разговараме во детали за овие разговори, но тие продолжуваат“, изјави тој.

Паладино изјави дека повлекувањето на трупите е тактичка промена, но не промена во нивната мисија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.