свет

„Процесот во Астана е единствен адекватен механизам за решавање на кризата во Сирија“

Лавров во Москва се состана со српскиот колега Ивица Дачиќ, а по состанокот изјави дека една од главните теми на состанокот била изградбата на гасоводот „Турски тек“ со кој рускиот гас ќе биде испорачуван на Европа

Ali Cura,Dmitri Chirciu   | 17.04.2019
„Процесот во Астана е единствен адекватен механизам за решавање на кризата во Сирија“

МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека мировниот процес во Астана е единствен адекватен механизам за надминување на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Лавров во Москва се состана со српскиот колега Ивица Дачиќ, а по состанокот изјави дека една од главните теми на состанокот била изградбата на гасоводот „Турски тек“ со кој рускиот гас ќе биде испорачуван на Европа.

Лавров ја коментираше и актуелната ситуација во Сирија и изјави дека ситуацијата на терен е стабилна и дека уставотворната комисија на Сирија треба да биде што побрзо формирана.

Рускиот министер за надворешни работи смета дека кризата на источниот брег на Еуфрат би требало да се реши така што сирискиот режим ќе ја поврати контролата над тој регион, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Лавров, исто така, тврди дека е потребно да се уважи безбедносната загриженост на Турција и да се воспостави безбедност по должината на сириско-турската граница.

Лавров нагласи дека мировниот процес во Астана е најадекватен за решавање на кризата во Сирија.

„Процесот во Астана е единствен механизам кој може да придонесе за напредок во решавањето на проблемите, борба против тероризмот, борба против хуманитарната и политичка криза“, изјави Лавров.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın