свет

„Проблемот во Сирија треба да се реши меѓу земјите од регионот“

„Сакаме проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите од регионот. Се надеваме дека ќе придонесе за решавање на регионалните проблеми“, изјави Зариф

Muhammet Kurşun   | 17.04.2019
„Проблемот во Сирија треба да се реши меѓу земјите од регионот“

Tahran

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека сакаат проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите од регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

Зариф, кој пристигна во официјална посета на Анкара, на аеродромот „Есенбога“ даде изјава за иранските државни медиуми. 

Зариф истакна дека со турските власти во Анкара ќе разговараат за билатералните односи помеѓу двете земји, за регионалните прашања и за случувањата во северниот дел на Африка. 

„Имаме многу добар дијалог со Турција“, рече Зариф, додавајќи дека одлуките донесени од страна на претседателите во однос на политичките и економските прашања помеѓу двете земји, како министри за надворешни работи се должни да ги следат и дека при оваа посета ќе ги оценат тие прашања. 

Зариф, потсетувајќи дека ова е втора негова посета на Турција во рок од еден месец, во однос на развојот на настаните во Сирија, нагласи: 

„Сакаме проблемот во Сирија да се реши со преговори меѓу земјите од регионот. Се надеваме дека ќе придонесе за решавање на регионалните проблеми“. 

Иранскиот министер за надворешни работи, Зариф, во однос на неговата вчерашна посета во Сирија истакна: „Имавме продуктивни разговори за протерување на странските воени сили од Сирија, источно од Еуфрат и Идлиб, каде што ситуацијата има загрижувачка димензија“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın