свет

„При израелските напади предизвикана штета на 500 палестински домови“

„Во израелските воздушни напади против Газа, 30 домови се целосно уништени, додека врз 500 е предизвикана материјална штета“, се вели во соопштението на палестинскиот министер Ал Хасајне

Fatih Hafız Mehmet   | 27.03.2019
„При израелските напади предизвикана штета на 500 палестински домови“

АНКАРА (АА) - Вкупно 500 домови во Појасот Газа беа оштетени од последните израелски воздушни напади, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во израелските воздушни напади против Газа, 30 домови се целосно уништени, додека врз 500 е предизвикана материјална штета“, се вели во соопштението на палестинскиот министер за јавни работи, Муфед ал Хасајне.

Тој додава дека се работи на отстранување на рушевините предизвикани од воздушните напади, како и на олеснување на маката на својот народ.

Израел започна серија воздушни напади во понеделникот низ Појасот Газа, откако била истрелана ракета од Појасот Газа, при што северно од Тел Авив биле повредени седум Израелци.

Израелската армија распореди батерии за противракетна одбрана на неколку локации низ земјата, и две дополнителни пешадиски бригади во тампон-зоната помеѓу Газа и Израел.

Хамас доцна во понеделникот соопшти дека со посредство на Египет постигнат е прекин на огнот меѓу Израел и фракциите на отпорот во Газа.

Од египетска страна немаше никаков коментар, а неколку израелски претставници негираа дека е постигнат договор за прекин на огнот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın