свет

„Писмото на САД не е во согласност со духот на Алијансата“

„До денес, ние ги исполнивме сите наши одговорности без задоцнување или прекин во однос на САД и НАТО“, рече Акар

Jeyhun Aliyev   | 12.06.2019
„Писмото на САД не е во согласност со духот на Алијансата“

ГАБАЛА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес се спротистави на писмото испратено од САД, за кое вели дека не е во согласност со духот на Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за новинарите во Габала, Азербејџан, Акар изјави: „Забележавме дека начинот не е во согласност со духот на Сојузот. Ние соодветно подготвуваме одговор“.

Вршителот на должноста шеф на Пентагон, Патрик Шанахан, минатата недела му испрати писмо на Акар во кое се вели дека Вашингтон ќе ја прекине програмата за обука на турските пилоти за воените авиони „Ф-35“ поради безбедносни причини.

„Суспендиравме некои активности во однос на обуката. Не ги суспендиравме активностите за поддршка“, се вели во писмото.

Акар потврди дека Турција отсекогаш останала посветена на нејзината одговорност кон НАТО и САД.

„До денес, ние ги исполнивме сите наши одговорности без задоцнување или прекин во однос на САД и НАТО“, рече турскиот министер за одбрана.

Акар, исто така, изјави дека утре ќе зборува телефонски со Шанахан и ќе се состане со него на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел на крајот на јуни.

Тензиите меѓу САД и Турција се зголемија поради купувањето на руските системи за одбрана „С-400“ од страна на Турција.

Турција во 2017 година одлучи да го купи системот „С-400“ по долготрајните напори за купување на системи за воздушна одбрана од САД, кои без успех.

Вашингтон тврди дека овој потег ќе ја загрози улогата на Турција во американската борбена авионска програма на „Ф-35“ и може да предизвика санкции кон Конгресот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın