свет

„Пандора“, еден од најголемите производители на накит во светот, во своите производи ќе користи вештачки дијаманти

Во соопштението на „Пандора“ се истакнува дека за прв пат компанијата за продажба понудила колекција произведена од вештачки дијаманти и дека понатаму дијамантите извадени од рудниците нема да се користат за изработка на накитот.

Gökhan Kurtaran   | 04.05.2021
„Пандора“, еден од најголемите производители на накит во светот, во своите производи ќе користи вештачки дијаманти

ЛОНДОН 

„Пандора“, еден од најголемите светски производители на накит, соопшти дека отсега ќе користи вештачки дијаманти наместо чисти дијаманти во своите производи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на „Пандора“, чие седиште се наоѓа во главниот град на Данска, Копенхаген, се истакнува дека за прв пат компанијата за продажба понудила колекција произведена од вештачки дијаманти и дека понатаму дијамантите извадени од рудниците нема да се користат за изработка на накитот.

Во изјавата, меѓу другото се забележува дека компанијата има за цел да го трансформира пазарот на дијаманти и да го направи производот одржлив и достапен за секого.

Исто така се додава дека уделот на вештачки дијаманти на пазарот на дијаманти е зголемен и дека вештачкиот дијамант ги исполнува „4C критериумите (исекување, боја, јасност и карат)“.

Компанијата минатата година во своите производи искористи околу 50.000 парчиња чист дијамант.

Според податоците на Светскиот центар за дијаманти во градот Антверпен, Белгија, познат како центар на пазарот на дијаманти, глобалната побарувачка за дијаманти минатата година се намалила за 15 проценти поради појавата на Ковид-19.

Рудниците за дијаманти со години се сметаат за една од главните причини за граѓанските војни во африканските земји. Меѓу другото, нехуманите услови за работа во рудниците за дијаманти и вработувањето деца исто така е прашање кое се дебатира меѓу потрошувачите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.