Неколкумина уапсени за време на протестот за ИЦЕ во Њујорк
- Стотици лица се собраа вчера на плоштадот Фоли во Њујорк на протест за Американската служба за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ), повикувајќи на нејзино целосно укинување

СКОПЈЕ (АА) - Стотици лица се собраа вчера на плоштадот Фоли во Њујорк на протест за Американската служба за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ), повикувајќи на нејзино целосно укинување, јавува Анадолу.
Тензиите ескалираа за време на протестот и тоа доведе до повеќекратни апсења од полицајците на њујоршката полиција.
Протестот беше дел од националниот ден на акција организиран од групи за права на имигрантите.
Насобраните граѓани маршираа низ Менхетен, држејќи транспаренти и извикувајќи слогани против имиграционата политика на федералните власти.