свет

Јордан предупреди на последиците од израелските провокативни чекори во Кудс

Во писмено соопштение, портпаролот на јорданското Министерство за надворешни работи, Дејфулах ал Фаиз, го осуди нападот на израелската полиција врз Палестинците кои вршеа вечерна молитва пред Портата „Дамаск“ во Стариот Град на Источен Кудс.

Laith Al-jnaidi,Hacer Başer   | 11.06.2021
Јордан предупреди на последиците од израелските провокативни чекори во Кудс

АМАН

Јордан, предупредувајќи на израелските провокативни чекори во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), побара да запрат нападите насочени кон Палестинците, известува Агенција Анадолија (АА).

Во писмено соопштение, портпаролот на јорданското Министерство за надворешни работи, Дејфулах ал Фаиз, го осуди нападот на израелската полиција врз Палестинците кои вршеа вечерна молитва пред Портата „Дамаск“ во Стариот Град на Источен Кудс.

Фаиз кој изјави дека „Ваквите чекори доведуваат до ескалација на тензиите и насилство“, упати предупредување и на последиците од Маршот на знамето, што на 15 јуни ќе го одржат припадниците на крајно десничарските Израелци, со што ќе предизвикаат тензии во Кудс.

Тој побара од израелската администрација да престане со ваквите чекори во Ерусалим и другите окупирани палестински територии, порачувајќи им да го почитува историскиот и правниот статус на светиот град.

Израелската полиција вчера со палки ги нападна Палестинците, кои изведуваа вечерна молитва пред Портата „Дамаск“ во Стариот Град на окупираниот Источен Кудс.

Во писменото соопштение на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелската полиција повреди 10 лица во настаните пред Портата „Дамаск“.

Тензиите во регионот се зголемија кога крајно десничарскиот израелски заменик Итамар Бен-Гвир, познат по блискоста со премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска сакаше да даде изјава за печатот пред Портата „Дамаск“ во Стариот Град.

Врз Палестинците кои изразија реакција на провокативниот обид на Бен-Гвир, израелската полиција интервенира со звучни бомби и приведе многу луѓе, вклучувајќи и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın