свет

Јорданскиот крал Абдула II: „Повторно да започне мировниот процес помеѓу Палестина и Израел“

Кралот Абдула II истакна дека мировниот процес меѓу Израел и Палестина треба повторно да започне врз основа на дводржавното решение според кое би била воспоставена независна држава Палестина во границите од 1967 година

Laith Al-jnaidi,Gülşen Topçu   | 22.07.2021
Јорданскиот крал Абдула II: „Повторно да започне мировниот процес помеѓу Палестина и Израел“

АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдула II изјави дека е потребно повторно да започне мировниот процес меѓу Палестина и Израел врз основа на дводржавното решение, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кралот Абдула II преку соопштение ја информира јавноста дека се состанал со членовите на повеќе одбори во американскиот Сенат во рамките на посетата на Вашингтон.

За време на состанокот разговарано е за односите помеѓу двете земји и за зајакнување на партнерствата и соработката во различни области.

Кралот Абдула II истакна дека мировниот процес меѓу Израел и Палестина треба повторно да започне врз основа на дводржавното решение според кое би била воспоставена независна држава Палестина во границите од 1967 година, со источен Ал Кудс (Ерусалим) како главен град.

Подоцна, јорданскиот крал се состана и со претставници на Демократската партија и на Републиканската партија.

Кралот Абдула II смета дека ако не се постигне напредок во продолжувањето на мировниот процес, повторно би можело да дојде до насилства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın