свет

Јемен: „Дојде крајот на Хафтар, наскоро го чека заслужена казна“

- Мухамед Амари, член на Претседателскиот совет на Либија, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Дојде времето, генерал Хафтар наскоро ќе ја издржува казната што ја заслужува“

Aydoğan Kalabalık   | 22.05.2020
Јемен: „Дојде крајот на Хафтар, наскоро го чека заслужена казна“

ТРИПОЛИ

Мухамед Амари, член на Претседателскиот совет на Либија, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Дојде времето, генерал Хафтар наскоро ќе ја издржува казната што ја заслужува“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Амари во својата објава на социјалната мрежа истакнува дека либиската Влада од милициите на Хафтар ќе ги ослободи сите градови и ќе воспостави целосна контрола над целата држава, притоа поздравувајќи ја одлуката на кланот Есабиа од пред два дена да ѝ се приклучи на либиската Влада.

Повикувајќи го и народот од градот Техруне и од подрачјето Берка да ѝ се приклучи на либиската Влада, Амари на социјалната мрежа истакнува:

„Му дојде крај на воениот злосторник Хафтар. Наскоро ќе ја издржува казната што ја заслужува. Ви подаваме рака. Портата на татковината е секогаш отворена за вас и за целиот либиски народ.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın