свет

Јемен: Во судирите во областа Бејда убиени 27 Хуси

По нападот што Хусите го извеле во местото Ез-Захир, дошло до жесток судир со приврзаниците на јеменската војска, при што се убиени 27 Хуси

Gülşen Topçu   | 09.05.2019
Јемен: Во судирите во областа Бејда убиени 27 Хуси

БЕЈДА (АА) - Во подрачјето на областа Бејда, во централниот дел на Јемен, дојде до судир меѓу јеменската војска и Хусите. Во судирот се убиени 27 припадници на Хусите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Информативниот портал „26sepnews“, кој е поврзан со јеменската Влада, објави дека по нападот што Хусите го извеле во местото Ез-Захир, дошло до жесток судир со приврзаниците на јеменската војска, при што се убиени 27 Хуси. Во веста се вели дека има и ранети, но не се наведуваат повеќе информации за бројката на ранети.

Во продолжение се наведува дека силите приврзани на јеменската војска го запреле нападот на Хусите и ги натерале да се повлечат. Не се даваат информации за евентуалните жртви на страната на војската.

Подолг период во Јемен владее политичка нестабилност и судири меѓу силите приврзани на Владата и Хусите.

Од септември 2014 година главниот град Сана и некои подрачја од земјата се наоѓаат под контрола на Хусите. Во март 2015 година коалициските сили предводени од Саудиска Арабија започнаа да ѝ даваат поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın