свет

Јеменските Хуси: Нема да го ослободиме заробениот израелски брод додека не прекине војната во Газа

„Доколку САД и Израел престанат да убиваат Палестинци во Газа и дозволат влез на вода, лекови и храна, тогаш можеме да зборуваме за (ослободуање) на израелскиот брод“

Ahmed Asmar  | 21.11.2023 - Обновена : 22.11.2023
Јеменските Хуси: Нема да го ослободиме заробениот израелски брод додека не прекине војната во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Јеменските Хуси денес соопштија дека нема да го ослободат „израелскиот брод“ што го заробија пред неколку дена, додека не прекине израелската војна против Газа, јавува Анадолу.

„Доколку САД и Израел престанат да убиваат Палестинци во Газа и дозволат влез на вода, лекови и храна, тогаш можеме да зборуваме за (ослободување) на израелскиот брод“, изјави на социјалната мрежа Х, Мохамед Али ал-Хути, член на Врховниот политички совет на Хусите.

Тој исто така рече дека заробувањето на бродот „е во согласност со принципот на реципроцитет“.

Високиот водач на Хусите нагласи дека неговата група ги има како цел само израелските бродови и бродовите во сопственост на Израел.

Јеменските Хуси вчера предупредија дека секоја интервенција во јеменските територијални води ќе биде дочекана со „соодветен одговор“, потврдувајќи дека групата поседува соодветно оружје и ракети за да се справи со каков било развој.

Хусите рекоа дека го заробиле бродот со цел поддршка на палестинскиот народ во Газа и за извршување притисок врз Израел да стави крај на нападите врз Газа.

Израел потврди дека Хусите заробиле меѓународен товарен брод во Црвеното Море, но тврди дека на него немало Израелци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın