свет

Јеменскиот потсекретар Рахби: „Ретки дрвја од Сокотра се крадат и се носат во ОАЕ“

Рахби тврди дека овој чекор е преземен во согласност со планот за предавање на пристаништата и аеродромите на администрацијата на Абу Даби за шверцување оружје од ОАЕ и за кражба на ретки дрвја и растенија

Gülşen Topçu   | 30.06.2020
Јеменскиот потсекретар Рахби: „Ретки дрвја од Сокотра се крадат и се носат во ОАЕ“

СОКОТРА (АА) - Потсекретарот на Министерството за информации на Јемен, Мухтар ер-Рахби, тврди дека ретки дрвја од островот Сокотра се крадат и се носат во Обединетите Арапски Емирати со поддршка на Јужниот транзициски совет (GGK), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението објавено на профилот на Твитер, Рабхи вели дека „Рафет ес Сакли, таканаречениот претседател на Локалната администрација на Јужниот транзициски совет (GGK) во Сокотра, им наложи на милициите поврзани со него да го олеснат влезот и излезот од пристаништата за Обединетите Арапски Емирати и нивните соработници“.

Рахби тврди дека овој чекор е преземен во согласност со планот за предавање на пристаништата и аеродромите на администрацијата на Абу Даби за шверцување оружје од Обединетите Арапски Емирати до Јужниот транзициски совет (GGK), како и за кражба на ретки дрвја и растенија.

Од Обединетите Арапски Емирати сѐ уште нема изјава во врска со ова тврдење.

Новинската агенција „Мидл ист ај“ („Middle East Eye“), со седиште во Велика Британија, минатата година во октомври пишуваше за организираните операции за кражби на дрвјата „змејска крв“, ендемичен вид дрво за архипелагот Сокотра. Акцијата за крадење на ова дрво е предводена од ОАЕ.

Активистите, во тој период, на социјалните мрежи објавуваа фотографии од ендемичните дрвја во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Дрвото, кое е еден од симболите на Сокотра, привлекува внимание со својата црвена течност што ја содржи во себе, а исто така се користи и во полето на медицината.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın