свет

Јапонски милијардер бара сопатничка за заминување на Месечината

Во огласот се наведува дека заинтересираните девојки треба да бидат слободни, постари од 20 години, позитивни и заинтересирани за патување во вселената

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 13.01.2020
Јапонски милијардер бара сопатничка за заминување на Месечината

ТОКИО (АА) - Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава бара девојка што ќе патува со него на планираниот пат на Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Маезава во 2023 година со ракетата на компанијата „Спејс икс“ („SpaceX“) би требало да замине на Месечината, а „Би-би-си“ јавува дека на интернет објавил оглас во кој наведува дека на патувањето сака да оди со посебна девојка и ги повикува заинтересираните девојки да се пријават.

Во огласот се наведува дека заинтересираните девојки треба да бидат слободни, постари од 20 години, позитивни и заинтересирани за патување во вселената.

Откако неодамна ја прекинал врската со 27-годишната актерка Ајаме Горики, 44-годишниот Маезава би требало да ја избере новата сопатничка за туристичка посета на Месечината кон крајот на март оваа година.

Јапонскиот бизнисмен и колекционер Маезава на почетокот на оваа година на Твитер објави дека со случаен избор ќе награди стотици следбеници со вкупно 100 милиони јени (912.000 долари).

Неговото богатство се проценува на три милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın