свет

Јапонија усвои закон за „економска безбедност“ против геополитичките ризици поради Русија и Кина

- Во период кога продолжувањето на руските напади во Украина создава „неизвесно опкружување“, а Кина прави „конкурентни пристапи“ во областа на новите технологии, јапонскиот Дом на советници реагира со усвојување на Законот за економска безбедност

Ahmet Furkan Mercan   | 13.05.2022
Јапонија усвои закон за „економска безбедност“ против геополитичките ризици поради Русија и Кина

ТОКИО (АА) - Соочени со геополитичките ризици поврзани со Русија и Кина, Парламентот во Јапонија усвои Нацрт-закон кој има за цел да ја заштити економската безбедност на земјата и да обезбеди стабилност на ова поле, известува Агенција Анадолија (АА)

Во период кога продолжувањето на руските напади во Украина создава „неизвесно опкружување“, а Кина прави „конкурентни пристапи“ во областа на новите технологии, јапонскиот Дом на советници (Sangiin) реагира со усвојување на Законот за економска безбедност.

Во тие рамки, Владата доби овластување да ги испита добавувачите на одредени производи во полупроводничкиот, фармацевтскиот и телекомуникацискиот сектор со цел да се спротивстават на заканите, вклучително и кибернападите.

Ќе се формира Федерација со јавно-приватна соработка, чија цел е да се олесни развојот на најсовремените технологии, вклучително и вештачката интелигенција. Федерацијата ќе добие поддршка за информации од странство од тинк-тенк организации спонзорирани од Владата.

Од друга страна, во рамките на новиот закон, оние кои ќе овозможат проток на информации за патенти и процеси во јавноста кои не се за објавување, може да бидат осудени на 2 години затвор и парична казна до 1 милион јени (7.670 долари).

Кобајаши Такајуки, член на Кабинетот за економска безбедност во јапонската Влада, за одлуката која ја опиша како „важна за да се заштити егзистенцијата на граѓаните“, рече: „Се стремиме кон слободата и предвидливоста на економските активности.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın