Јапонија: Приведен старец кој 24.000 пати побарал телефонски оператор
- Токиската полиција го привела 71-годишниот пензионер Акитоши поради нарушување на работата на кол-центарот на телефонскиот оператор KDDI

АНКАРА
Во Јапонија е приведен Акитоши Окамото, кој 24.000 пати го побарал кол-центарот на еден телефонски оператор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според јапонскиот печат, токиската полиција го привела 71-годишниот пензионер Акитоши поради нарушување на работата на кол-центарот на телефонскиот оператор KDDI. Инаку Акитоши поради наводно прекршување на договорот, 24.000 пати го барал кол-центарот.
Полицијата информираше дека поради прекршувањето на договорот, Акитоши побарал извинување од телефонскиот оператор. Во разговорите со вработените од кол-центарот Акитоши честопати ги навредувал вработените, а во некои случаи по добиениот одговор од вработените, веднаш го исклучувал телефонот.
Во Јапонија постепено се зголемуваат социјалните проблеми поради стареењето на популацијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.