свет

Јапонија позитивно гледа на флотата на британската морнарица што ќе биде испратена во Источна Азија

„Јапонија и Велика Британија развиваат практична соработка во областа на безбедноста и одбраната. Со распоредувањето на британската поморска флота во Источна Азија, двете земји ќе го зголемат својот придонес кон мирот и стабилноста на регионот“

Ahmet Furkan Mercan   | 28.04.2021
Јапонија позитивно гледа на флотата на британската морнарица што ќе биде испратена во Источна Азија

ТОКИО (АА) - Јапонија е задоволна што Велика Британија ќе испрати своја флота од два разурнувачи, две фрегати и подморница, како дел од зголемувањето на поморското присуство во Индотихоокеанското подрачје, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Главниот секретар на Кабинетот, Като Катсунубу, на прес-конференцијата, истакнувајќи дека го поздравуваат доаѓањето на флотата рече дека Јапонија и Велика Британија подготвуваат заедничка вежба.

„Јапонија и Велика Британија развиваат практична соработка во областа на безбедноста и одбраната. Со распоредувањето на британската поморска флота во Источна Азија, двете земји ќе го зголемат својот придонес кон мирот и стабилноста на регионот“, нагласи Като.

Новинската агенција „Кјодо“ го привлече вниманието на важноста од пристигнувањето на британската флота во Јапонија и Јужна Кореја, бидејќи во периодот се зголемуваат заканувачките активности на Кина во регионот на Пацификот.

На британската поморска флота ќе ѝ се придружи и фрегата од Холандија. Планирано е флотата да тргне во мај и да посети 40 земји за 7 месеци.

На средбата со британските колеги на Самитот 2 + 2, што се одржа во февруари, јапонскиот министер за одбрана, Киши Нобуо, и министерот за надворешни работи, Мотеги Тошимитсу, се согласија за реализација на визијата „Слободна и отворена Индотихоокеанска Област“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.