свет

Јапонија: Како последица на заразата со коронавирусот починаа уште две лица

На крузерот „Дајмонд принцес“ заразата со коронавирусот е дијагностицирана кај над 500 патници, а починаа жена и маж на околу 80-годишна возраст

Mahmut Atanur   | 20.02.2020
Јапонија: Како последица на заразата со коронавирусот починаа уште две лица

ТОКИО (АА) - Уште две лица починаа на крузерот во Јапонија, што поради епидемијата на новиот тип коронавирус е ставен во карантин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На крузерот „Дајмонд принцес“ заразата со коронавирусот е дијагностицирана кај над 500 патници, а починаа жена и маж на околу 80-годишна возраст.

Идентитетот на починатите патници не е објавен, а сега бројот на починати како последица на заразата со новиот тип коронавирус е зголемен на три лица.

Минатата недела во Канагава почина жена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın