свет

Шведската државна телевизија направи интервју со Шахин, еден од водачите на ЈПГ/ПКК

Тврдејќи дека Туркије врши притисок врз земјите на НАТО за можна операција, водачот на терористите, Шахин, истакна дека Шведска треба да продолжи да ги поддржува и да објасни дека оваа поддршка е политичка и морална

Atila Altuntaş   | 23.06.2022
Шведската државна телевизија направи интервју со Шахин, еден од водачите на ЈПГ/ПКК

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската државна телевизија СВТ (SVT) направи интервју со Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК,пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за телевизија СВТ од неговата таканаречена канцеларија каде што се крие, во време кога Шведска преговараше со Туркије (Турција) за членството во НАТО, Шахин рече дека ќе одговорат на евентуална операција на Туркије за чистење на северот на Сирија од тероризмот.

Тврдејќи дека Туркије врши притисок врз земјите на НАТО за можна операција, водачот на терористите, Шахин, истакна дека Шведска треба да продолжи да ги поддржува и да објасни дека оваа поддршка е политичка и морална.

Телевизијата СВТ направи интервју и со Салих Муслим, еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, на 25 мај во американската воена база, каде што се криеше во северна Сирија.

Реагирајќи на ова интервју, претседателот Реџеп Таип Ердоган рече: „Особено Шведска им дозволува на терористите да шетаат по улиците на Стокхолм и ги обезбедува со сопствена полиција. Всушност, вечерта откако преку ден одржаа средба, терористот Салих Муслим зборуваше на шведската државна телевизија, со што се направени секакви неправди кон нас.“





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.