свет

Челниците на ЕУ ќе разговараат за мерките против пандемијата и вакцините

- Самитот на лидерите на ЕУ ќе се одржи на 25 и 26 февруари, а првиот ден од Самитот ќе се разговара за тоа што ЕУ и земјите членки можат да сторат за да го зголемат производството на вакцините, развојот на вакцините...

Ömer Tuğrul Çam   | 24.02.2021
Челниците на ЕУ ќе разговараат за мерките против пандемијата и вакцините

БРИСЕЛ 

Челниците на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) преку видеоконференција ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за вакцините против коронавирусот и мерките преземени во рамките на борбата против пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Самитот на лидерите на ЕУ ќе се одржи на 25 и 26 февруари, а првиот ден од Самитот ќе се разговара за тоа што ЕУ и земјите членки можат да сторат за да го зголемат производството на вакцините, развојот на вакцините, за да бидат ефикасни и против мутацијата на вирусот, забрзувањето на постапките за одобрување и дистрибуцијата на вакцините.

Исто така ќе се разговара за тоа каква порака ЕУ ќе испрати на компаниите кои развиваат и произведуваат вакцини за да ги исполнат своите обврски преземени со договорите со Европскиот блок.

Една од темите на разговорите би можела да биде и употребата на вакцините развиени во Русија и Кина во земјите на ЕУ, а кои сѐ уште не се одобрени за употреба во Европската Унија.

Официјалните претставници на ЕУ особено истакнуваат дека одговорноста за употреба на неодобрени вакцини ја сносат државите членки. Унгарија е прва земја на ЕУ која започна да ја користи вакцината развиена во Кина.

Една од темите на дневниот ред ќе биде и „потврдата за вакцинација“. Челниците на земјите на ЕУ ќе работат на заеднички пристап околу воспоставување на таквата потврда и одредување во кои цели може да се користи.

На Самитот на лидерите на ЕУ ќе се разговара и за ограничувањата на патувањата во Европската Унија. Европската комисија претходно критикуваше некои земји на ЕУ поради наметнување на граничните контроли и забрани.

Вториот ден од виртуелниот Самит ќе се разговара за прашањата за одбрана и безбедност во јужното соседство.

Вториот ден од заседанието, на кое ќе присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се разговара за соработката меѓу ЕУ и НАТО.

Планирано е да се разговара и за документот под називот „Стратешки компас“, чија цел е јакнење на заедничката одбранбена и безбедносна политика.

Челниците на земјите на ЕУ исто така во рамките на јужното соседство ќе разговараат за односите со земјите на јужниот дел на Медитеранот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın