свет

Чавушоглу: „Турција го очекува состанокот Ердоган - Бајден со позитивна агенда"

„Гледаме дека САД се подготвени да работат со Турција во многу стратешки полиња. Ова го набљудувавме со сите наши контакти, вклучително и со државниот секретар Ентони Блинкен и Бајден“, рече Чавушоглу.

Dilan Pamuk,Merve Berker   | 10.06.2021
Чавушоглу: „Турција го очекува состанокот Ердоган - Бајден со позитивна агенда"

АНКАРА 

Соединетите Американски Држави (САД) сакаат да соработуваат со Турција не само за Либија и Сирија, туку исто така и за многу други области, вклучувајќи го Медитеранот, Црното Море и регионот Кавгаз, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во интервју за државниот радиодифузер ТРТ „Хабер“, Чавушоглу изјави дека Анкара се приближува на претстојната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Џо Бајден со позитивна агенда, додавајќи дека неговата земја добила слични сигнали од Вашингтон.

Предвидено е личната средба меѓу двајцата лидери да се одржи на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни.

Чавушоглу зборуваше и за набавката на системите за воздушна одбрана на Турција, нагласувајќи дека доколку САД не им гарантираат ракети „Патриот“, тогаш можат да добијат системи за воздушна одбрана од другите нивни сојузници.

За односите на Турција со Франција, тој рече дека францускиот министер за трговија ќе ја посети Турција.

„Заедно ќе преземеме важни економски чекори во наредниот период и ќе ги зајакнеме нашите билатерални односи“, рече тој.

Чавушоглу рече дека Самитот на НАТО што ќе се одржи следната недела има големо значење затоа што на него ќе се дискутира за документот на организацијата за нејзината визија од 2030 година.

Тој исто така се осврна и на американските санкции кон Турција, поддршката што Вашингтон ја дава за терористичката организација ЈПГ која е активна околу границата на Турција со Сирија и односот на САД кон терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за воен удар во Турција во 2016 година, како и на несогласувањата меѓу Вашингтон и Анкара околу набавката на Турција на рускиот систем за воздушна одбрана С-400.

„Гледаме дека САД се подготвени да работат со Турција во многу стратешки полиња. Ова го набљудувавме со сите наши контакти, вклучително и со државниот секретар Ентони Блинкен и Бајден“, рече Чавушоглу.

„Како ќе ги решиме овие прашања? Дали ќе можеме да ја зајакнеме соработката додека ги поправаме односите ориентирани кон иднината?“

За прашањето за терористичката група ФЕТО, Чавушоглу рече дека Турција има одредени очекувања, но дека не добила сигнал дека ќе бидат исполнети од САД.

Тој додаде дека неговите контакти и Федералното биро за истраги на САД (FBI) му соопштиле дека го виделе „темното лице“ на ФЕТО.

„Тие добро ја користат технологијата и луѓето. Видовме многу незаконски активности извршени од нејзина страна во многу полиња, од шверц на визи во САД до перење пари“, рече Чавушоглу.

Во врска со одбранбениот систем С-400 што Турција го купи од Русија, Чавушоглу ги потсети присутните дека генералниот секретар на НАТО претходно изјавил дека сојузниците можат да купат кој било посакуван производ од одбранбената индустрија од која било посакувана земја.

Тој истакна дека САД не го одобруваат системот С-400 за да бидат против системите на НАТО, и продолжи: „Ние ја дадовме понудата за технички комитет, но тие не ја прифатија. Затоа што и тие знаат дека нивните тврдења не се точни.“

Чавушоглу рече дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал состанок со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во рамките на Самитот следната недела.

Тој изјави дека меѓу другите лидери, ќе бидат одржани средби и со германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Борис Џонсон и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Изјавувајќи дека преговорите меѓу Турција и Франција започнале и покрај несогласувањата, тој рече дека Франција сега сака да има разговори и за Африка, што е добро.

„Ние никого не сметаме за ривал. Ние не се натпреваруваме во Африка“, рече тој.

Чавушоглу изјави и дека контактите и дијалогот резултираат со помалку спорни прашања.

Осврнувајќи се на постојаниот насилен став на Израел кон Палестина, Чавушоглу рече: „За да продолжат нормално односите меѓу Турција и Израел, Израел треба да се откаже од агресивната политика.“

Тој избегна да коментира за формирањето на новата влада во Израел, истакнувајќи дека коментирањето за внатрешните работи на една земја нема да биде правилен акт и истакна дека е важно како новата влада ќе ги исполни очекувањата на Турција и меѓународната заедница.

Чавушоглу рече дека Израел треба да избегнува какви било чекори што ќе му наштетат на решението за две држави, додавајќи дека „постојан мир е можен само преку решение за две држави“.

„Се надевам дека новата администрација, новата влада, доколку се формира, нема да прибегне кон нехумани средства против меѓународното право усвоени досега за време на владеењето на [израелскиот премиер Бенјамин] Нетанјаху, туку ќе претпочита постојан мир.“

Тој додаде дека само под овие услови Израел може да има помош и поддршка од Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın