свет

Чавушоглу: „Можеме да организираме заеднички форум за враќање на Сиријците“

„Со Либан, Јордан и Ирак можеме да организираме заеднички форум за тоа што е потребно да се направи при враќањето на Сиријците во Сирија. И меѓународната организација може да ја повикаме да учествува на форумот", истакна Чавушоглу

Tevfik Durul   | 23.08.2019
Чавушоглу: „Можеме да организираме заеднички форум за враќање на Сиријците“

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека каков било договор за Источниот Медитеран, во којшто ги нема кипарските Турци и Турција, нема да биде валиден, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на посетата на Либан, министерот Чавушоглу по средбата со либанскиот колега Чебран Басил, во главниот град Бејрут одржаа заедничка прес-конференција.

Потсетувајќи дека Турција на Источниот Медитеран продолжува со активностите за истражување и дупчење, Чавушоглу рече дека и во својот континентален појас и во областите каде што имаат добиено дозвола од страна на Турската Република Северен Кипар спроведуваат активности за заштита на правата на кипарските Турци.

Чавушоглу, наведувајќи дека во Источниот Медитеран докрај ќе продолжат да ги бранат правата на Турската Република Северен Кипар и на кипарските Турци, рече: „Каков било договор на Источниот Медитеран, во којшто ги нема кипарските Турци и Турција, нема да биде валиден.“

Осврнувајќи се на процесот за враќање на Сиријците во Сирија, Чавушоглу ја нагласи загриженоста на луѓето во однос на враќањето.

Чавушоглу истакна дека меѓународната заедница треба да биде почувствителна во однос на задоволувањето на основните потреби за лицата што ќе се вратат назад.

„Со Либан, Јордан и Ирак можеме да организираме заеднички форум за тоа што е потребно да се направи при враќањето на Сиријците во Сирија. И меѓународната организација може да ја повикаме да учествува на форумот.“

Шефот на турската дипломатија истакна дека Турција може да го сподели своето искуство со Либан за пружање сигурност на сириските бегалци кога ќе се вратат во татковината.

Чавушоглу рече дека стотици илјади Сиријци се вратија дома, во деловите од Сирија кои се исчистени од терористите со прекуграничните турски воени операции

„Повеќе од 340.000 Сиријци се вратија во подрачјата на Сирија кои се исчистени од терористите во операциите Штитот на Еуфрат и Маслинова гранка“, рече Чавушоглу.

Турција прими 3,6 милиони сириски бегалци, повеќе отколку која било земја во светот. Либан е на второ место со 1,5 милион Сиријци.

Од 2016 година во турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ ослободени се регионите на северот на Сирија, вклучувајќи го Ал-Баб, Африн и Азаз, што им овозможи на Сиријците кои избегаа од насилството да се вратат во своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın