свет

Чавушоглу и Помпео разговараа за борбата против Ковид-19

„Задоволен од тоа што со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, разговаравме за соработката меѓу САД и Турција во борбата против Ковид-19. Ќе продолжиме да соработуваме...“

Safvan Allahverdi   | 19.05.2020
Чавушоглу и Помпео разговараа за борбата против Ковид-19

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, соопшти дека имал телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во кој се осврнале на прашањето за борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Денес сум задоволен од тоа што со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, разговаравме за соработката меѓу САД и Турција во борбата против Ковид-19. Ќе продолжиме да соработуваме за враќањето на американските и турските граѓани во своите земји и за прашањата за ланецот на снабдувања“, напиша Помпео на својот твитер-профил.

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, исто така објави писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу Помпео и Чавушоглу.

Истакнувајќи дека во разговорот е ставен акцент на улогата на НАТО во борбата против епидемијата, Ортагус нагласи: „Државниот секретар Помпео исто така ѝ се заблагодари на Турција за дарежливите донации за опремата за лична заштита. Покрај тоа, министрите Помпео и Чавушоглу разговараа и за билатералните односи во областа на економијата и за безбедносните прашања.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.