Турција, свет

Чавушоглу за вакцините против Ковид-19: „Потребна е подобра соработка и заедничко производство“

Турскиот шеф на дипломатијата, Чавушоглу, во Берлин се состана со министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас

Nazlı Yüzbaşıoğlu   | 06.05.2021
Чавушоглу за вакцините против Ковид-19: „Потребна е подобра соработка и заедничко производство“ Фото: Fatih Aktaş/AA

БЕРЛИН/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека обемот на трговија меѓу Турција и Германија продолжува да расте, и покрај пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу во Берлин се состана со министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, а потоа одржаа и прес-конференција.

Турскиот министер во таа пригода изјави дека со германскиот колега разговарал за многу регионални и меѓународни прашања, и потсети дека на почетокот на неделата престојувал во посета на Либија. Тој укажа и на значењето на поддршката на новооформената Влада.

Чавушоглу изјави и дека таа поддршка е важна во време кога Либија се подготвува за избори, но и поради исполнување на барањата на народите.

Тој истакна дека странските терористички воини во Либија не треба да се мешаат со легитимните сили.

„Во Либија се наоѓаат многу странски воини, платеници. Согласни сме за нивно повлекување. Но завршувањето на поддршката која на земјата ѝ треба, во вид на обука на војници и советување, кои се даваат во согласност со договорите меѓу двете суверени земји, не е во корист на Либија. Мешањето во таквите договори меѓу двете земји, од страна на трети страни, не е правилен пристап“, изјави Чавушоглу.

Toj зборуваше и за економската соработка со Германија.

„Обемот на нашата билатерална трговија брзо расте. Оваа година би можел да надмине 40 милијарди долари“, изјави Чавушоглу.

Тој истакна дека Турција, со мерките воведени во време на пандемијата ги штити ланците на снабдување, а сака и во иднина да ја зајакне трговската и економската соработка со Германија.

Потсети дека Турција од почетокот на пандемијата го застапува ставот дека ниту една земја не би требало да биде лишена од можностите за набавка на медицински материјал, а истиот став го дели и кога се во прашање вакцините.

Тој додаде дека одредени земји и компании се присутни на пазарот на вакцини, но и дека многу земји немаат пристап до вакцините, што претставува проблем, бидејќи најмалку развиените земји не би смеело да бидат заборавени.

Се верува дека е потребна подобра соработка, кога се во прашање вакцините против Ковид-19.

„Со сигурност треба да се почитуваат правата на интелектуалната сопственост на компаниите, но потребна е и подобра соработка на земјите за заедничко производство“, изјави Чавушоглу.

Тој смета дека меѓународните организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација (СЗО), треба да имаат улога на координатор и да го олеснат процесот.

„Овој проблем ќе трае и понатаму. Ќе видиме дека во наредните месеци и години ќе биде потребна вакцина. Поради тоа е потребна подобра соработка, вклучувајќи го заедничкото производство, за вакцините да бидат достапни на целиот свет“, изјави Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın