свет

Хеико Мас: „Доколку меѓународните трупи го напуштат Ирак, ДЕАШ може да се врати“

„Повлекувањето на трупите од Ирак ќе го направи теренот погоден за тероризам и регионот и Европа ќе бидат погодени од напади“, изјави Мас на прес-конференцијата со неговиот јордански колега Ајман Сафади во Аман

Muhammed Sabry Emam Muhammed   | 14.01.2020
Хеико Мас: „Доколку меѓународните трупи го напуштат Ирак, ДЕАШ може да се врати“

АМАН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, предупреди дека постои можност за враќање на терористичката организација ДЕАШ во Ирак, во случај да дојде до повлекување на коалициските сили од земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Повлекувањето на трупите од Ирак ќе го направи теренот погоден за тероризам и регионот и Европа ќе бидат погодени од напади“, изјави тој на прес-конференцијата со неговиот јордански колега Ајман Сафади во Аман.

Ирак од почетокот на октомври го потресуваат масовни протести поради лошите услови за живот и корупцијата, поради што премиерот Адел Абдулмахди поднесе оставка.

Во врска со тензиите меѓу САД и Иран, Мас изјави: „Доколку Иран сака деескалација, тогаш мора да престане со агитацијата во регионот, а тоа важи и за Ирак.“

Тензиите се зголемија на почетокот на овој месец, откако САД го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани во напад со беспилотно летало во Ирак. Техеран возврати со истрелување на десетина балистички ракети кон ирачките воздушни бази во кои беа стационирани американските трупи.

Германскиот министер за надворешни работи, исто така, го повтори правото на иранскиот народ да го изрази своето мислење на смирен начин.

Сафади, од своја страна, рече дека хаосот во Либија би бил магнет за терористите.

Претходно денес, портпаролот на германската Влада соопшти дека Берлин на 19 јануари ќе биде домаќин на меѓународна конференција за конфликтот во Либија.

Во вторник, јорданскиот крал Абдула II ќе започне со европска турнеја, која претежно ќе се однесува на тековните регионални случувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın