свет

Хант за АА: Мора да сме сигурни дека налогодавачот на убиството на Кашоги ќе излезе пред правдата

Британскиот министер одговорараше на прашањата на АА за време на Глобалната конференција за медиумска слобода

Tayfun Salcı   | 11.07.2019
Хант за АА: Мора да сме сигурни дека налогодавачот на убиството на Кашоги ќе излезе пред правдата

ЛОНДОН (АА) - ТАЈФУН САЛЏИ -

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант, истакна дека пред лицето на правдата мора да се изведе налогодавачот на, како што рече, ужасното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пишува Anadolu Agency (AA).

Хант одговорараше на прашањата на АА за време на Глобалната конференција за медиумска слобода, организирана во Лондон од страна на министерствата за надворешни работи на Велика Британија и Канада.

Запрашан каков притисок Велика Британија ѝ вршела на Саудиска Арабија за сторителите на убиството на Џамал Кашоги да излезат пред правдата, и доколку не се случи ништо, какви други чекори ќе се преземат, Хант одговори:

„Многу отворено истакнавме дека ова убиство е целосно против вредностите на нашата земја. Јас ова лично го истакнав за време на средбите со високите претставници, било со Кралот било со саудискиот престолонаследник, било и на средба со министерот за надворешни работи.“

Хант нагласи дека Велика Британија е исклучително јасна во насока на реализирање соодветен процес во врска со ова прашање.

„Моментално постои процес кој продолжува во Саудиска Арабија. Приведени се лица поради ова ужасно убиство. Чекаме да видиме што ќе се случи, но јасно истакнавме дека треба да бидеме сигурни дека лицето кое го наредило ова ужасно убиство на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, ќе излезе пред правдата“, додаде тој.

- „Слободните медиуми се дел од демократскиот развој“ -

Британскиот министер Хант и неговата канадска колешка Кристиа Фриленд се претседатели на меѓународната конференција која се одржува во Лондон на тема слобода на медиумите во светот, а Хант за АА истакна дека слободните медиуми се многу важен сегмент на развојот на демократијата во секоја држава.

„Целта на конференцијата е поддржување на принципот дека слободните медиуми сe многу значаен дел од демократскиот развој во секоја земја“, истакна Хант.

Тој додаде дека слободните медиуми овозможуваат промена на власта на мирен начин, и на луѓето им овозможуваат сами да одлучат за кого ќе гласаат на изборите.

- На конференцијата учествуваат 60 министри и 1.500 новинари -

Специјалната претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите, а воедно и адвокатка за човекови права, Амал Клуни, за време на вчерашната седница на оваа конференција, на која учествуваа и шефовите на дипломатиите на земјите домаќини на конференцијата, ги критикуваше сите светски земји, меѓу кои и Велика Британија.

„Светските лидери реагираа малку повеќе од колективно кревање раменици во врска со случајот во кој новинарот на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, минатата година беше убиен со тортура и исечен на парчиња од страна на саудиските власти“, рече Клуни.

На Глобалната конференција за слобода на медиумите учествуваат официјални претставници од околу 100 земји, од кои 60 се на ниво на министри, како и 1.500 новинари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın