свет

Француски министер: „Антимуслиманските активности се активности против Републиката“

Наведувајќи дека претседателот Емануел Макрон и Владата го опишале нападот врз џамијата како „одвратен“ чин, Дарманин рече дека натписот напишан на ѕидот на џамијата е навреда и за муслиманите и за Франција.

Yusuf Özcan   | 12.04.2021
Француски министер: „Антимуслиманските активности се активности против Републиката“

ПАРИЗ

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, во однос на напишаните антиисламски натписи на ѕидот на џамијата во Рен, рече: „Антиисламските активности се активности против Републиката (Франција)“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дарманин ја посети џамијата „Ибни Сина“ во Рен, на чиј ѕид беа напишани антиисламски натписи.

Наведувајќи дека претседателот Емануел Макрон и Владата го опишале нападот врз џамијата како „одвратен“ чин, Дарманин рече дека натписот напишан на ѕидот на џамијата е навреда и за муслиманите и за Франција.

„Антиисламските активности се активности против Републиката (Франција)“, нагласи Дарманин.

Истакнувајќи дека инцидентот се случил 2 дена пред почетокот на месецот Рамазан, Дарманин нагласи дека на 9 април им наредил на гувернерите во земјата „да ја обезбедат безбедноста на џамиите“.

- Поведена истрага

На ѕидот на џамијата во Рен беа испишани антиисламски натписи, вклучително и навреда кон пророкот Мухамед, а исто така беше нацртан крст.

Се наведува дека е започната истрага во врска со инцидентот.

На еден од натписите на ѕидот на џамијата пишуваше: „EELV = Предавник“. Се истакнува дека тоа е реакција за Партијата на зелените (EELV), која одлучи да ја финансира изградбата на џамијата „Ејуп Султан“, која е поврзана со Исламската заедница „Мили Ѓоруш“ на Франција (CIMG).

Општината Стразбур, чиј градоначалник е од Партијата на зелените (EELV), донесе одлука да додели 2.563.999 евра за изградба на џамијата „Ејуп Султан“.

Дарманин, реагирајќи на одлуката на Општината, истакна: „Општина Стразбур финансира џамија поддржана од федерација која одбива да ја потпише ‘Повелбата за исламски принципи на Франција‘ и се залага за политички ислам. Се надевам дека сите ќе ги отворат очите што е можно поскоро и дека сепаратистичкиот закон ќе биде донесен.“

Џамијата „Аррахм“ во Нант, Франција исто така беше опожарена ноќта на 9 април.

Владата затвори голем број муслимански невладини организации по убиството на наставник во октомври 2020 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın