свет

Францускиот весник „Л'Опинион“: Макрон во 2021 го чека придонесот на Турција за стабилноста на Европа

- Претседателот на Франција писмото упатено до претседателот на Турција го започнал со зборовите „Почитуван Таип“ напишани на турски јазик, пренесувајќи ги неговите најдобри желби до турскиот народ и до својот турски колега.

Alaattin Doğru   | 16.01.2021
Францускиот весник „Л'Опинион“: Макрон во 2021 го чека придонесот на Турција за стабилноста на Европа

ПАРИЗ

Во писмото што претседателот на Франција, Емануел Макрон, го испрати до својот турски колега, претседателот Реџеп Таип Ердоган, се вели дека тој во 2021 година очекува на европскиот континент да се врати стабилноста благодарение на придонесот на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според специјалната вест објавена во „Л'Опинион“, Макрон, во периодот кога бил заразен со Ковид-19, од претседателот Ердоган добил писмо испратено на 19 декември, во кое турскиот претседател му посакува на Макрон: „Оздравете поскоро“. Во веста се наведува дека претседателот на Франција користел искрени изрази во одговорот што го упатил до претседателот Ердоган.

Претседателот Макрон, кој писмото го започнал со зборовите „Почитуван Таип“ напишани на турски јазик, ги пренесува своите најдобри желби до турскиот народ и до претседателот Ердоган.

Макрон, кој во писмото наведува дека се согласува со ставот на Ердоган дека во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) е потребна заедничка борба, во продолжение истакнува дека за него би било задоволство да разговараат по тие прашања, а особено во врска со иднината на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција.

„Се надевам дека 2021 ќе биде година во која на европскиот континент ќе се врати стабилноста со позитивниот придонес на Турција.“

Во веста се вели дека во блиска иднина се очекува видеоконференциска средба меѓу двајцата лидери.

Покрај тоа, во веста се споменува дека на почетокот од конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, претседателот Ердоган го отфрлил барањето за средба упатено од страна на неговиот француски колега, додавајќи дека односите меѓу двајцата претседатели започнале да омекнуваат во средината на декември 2020 година, по 15-месечна напнатост.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.