свет

Франција привремено се повлекува од пензиската реформа

Наведувајќи дека реформата која предвидува 64-годишна возраст за да може работниците да земат целосна пензија е привремено повлечена, премиерот Филип рече дека тоа прашање ќе биде разгледано на конференцијата за финансирање на реформата

Yusuf Özcan   | 12.01.2020
Франција привремено се повлекува од пензиската реформа

ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер, Едуар Филип, соопшти дека привремено е повлечена пензиската реформа која доведе до штрајкови и демонстрации во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмото испратено до претставниците на синдикатот за пензиски реформи, Филип истакна дека ќе се воведе единствен поредок во пензискиот систем, а исто така ќе бидат укинати привилегиите што им се даваат на различни сектори, а ќе бидат укинати и 42 видови пензии.

Наведувајќи дека реформата која предвидува 64-годишна возраст за да може работниците да земат целосна пензија е привремено повлечена, премиерот Филип рече дека тоа прашање ќе биде разгледано на конференцијата за финансирање на реформата.

Филип рече дека одлуките донесени на оваа конференција ќе бидат објавени во април. Тој, исто така, истакна дека доколку се постигне договор со претставниците на синдикатите пред април, договорените точки ќе бидат додадени во реформата.

Демократската конфедерација на трудот (CFDT) соопшти дека се задоволни од изјавата на Филип и дека ќе продолжат да се борат за промените поврзани со реформите.

Општата конфедерација на трудот (CGT) истакна дека изјавата на премиерот Филип не е доволна и реформата треба да се повлече. Синдикатите повикаа на повторни демонстрации против реформите низ целата земја на 16 јануари.

Филип во една претходна изјава рече дека пензијата ќе изнесува најмалку 1000 евра.

„Возраста за пензија ќе остане 62 години, но работниците ќе добијат целосна пензија откако ќе наполнат 64 години. Тие што се родени пред 1975 година нема да бидат засегнати од новиот систем“, нагласи премиерот Филип.

Пензиската реформа до Владата ќе биде доставена на 24 јануари, а до Националното собрание на 17 февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın