свет

Франција: Министерот за образование оптимистичен за состојбата на образованието во услови на Ковид-19

„Имаме околу 1.200 нови случаи на Ковид-19 меѓу учениците во однос на претходната недела“, изјави францускиот министер Бланкер

Ekip   | 16.09.2020
Франција: Министерот за образование оптимистичен за состојбата на образованието во услови на Ковид-19

ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер, изјави дека состојбата на образованието во Франција напредува, со оглед што само еден отсто, од 60.000 училишта во земјата, што во моментот се затворени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ситуацијата со која се соочуваме е можно најдобра со оглед на здравствената криза“, изјави Бланкер за радиото LCI.

„Имаме околу 1.200 нови случаи на Ковид-19 меѓу учениците во однос на претходната недела“, изјави тој, додавајќи: „Во моментот се затворени 81 училиште или установа, значи има нешто повеќе од 2.100 паралелки затворени. Сè уште е добар почетокот на оваа учебна година.“

Бланкер изјави дека обично паралелките се затвораат доколку се разболат три или повеќе деца, додавајќи дека тоа го одлучуваат локалните здравствени власти во одредениот град или регион.

„Да бидам искрен, постојат паралелки кои се затворени поради пријавен случај на заразување кај помалку од тројца ученици“, изјави тој.

Учениците од средните училишта на возраст од 11 години па нагоре, се обврзани да носат маска, додека помладите носат маска по свој избор.

Според Министерството за здравство, бројот на новозаразени во земјата останува висок, при што во последните 24 часа се регистрирани 7.852 нови случаи на заразување и 37 нови смртни случаи. Во моментот во земјата постојат 866 нови кластери на вирусот, чија бројка од вчера е зголемена за 68.

Во Франција, од почетокот на пандемијата, од последиците на Ковид-19 починаа 30.999 лица. Вкупно 2.713 лица се лекуваат во болница, а 479 се на интензивна нега. Бројот на одделенија што се сметаат за ранлива категорија се искачи на 82, и е двојно зголемен во текот на изминатата недела.

Според последните податоци објавени од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на починати од последиците на Ковид-19 во светот изнесува 935.446, а бројот на заразени изнесува над 29,5 милиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.