свет

Франција: Истрага против министерот за правда поради стекнување незаконска корист

- Јавниот обвинител Франсоа Молинс од Апелациониот суд истакна дека е отворена истрага против министерот за правда во Републиканскиот суд на правдата (CJR), кој е надлежен да им суди на министрите во случај на обезбедување незаконска корист

Alaattin Doğru   | 13.01.2021
Франција: Истрага против министерот за правда поради стекнување незаконска корист

ПАРИЗ

Во Франција е започната истрага за министерот за правда, Ерик Дупонд-Морети, под обвинение за стекнување незаконска корист, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јавниот обвинител Франсоа Молинс од Апелациониот суд истакна дека е отворена истрага против министерот за правда во Републиканскиот суд на правдата (CJR), кој е надлежен да им суди на министрите во случај на обезбедување незаконска корист.

Истражниот комитет на Републиканскиот суд на правдата (CJR), прифаќајќи ги жалбите на Асоцијацијата за борба против корупција (Anticor), како и три судиски синдикати, одлучија да отворат истрага против министерот.

Се наведува дека министерот Морети ќе биде сослушуван од еден комитет.

Синдикатите го обвинуваат Морети дека ги користел неговите привилегии како министер за казнување на судиите кои се занимавале со случаи во врска со него или со неговите клиенти додека работел како адвокат.

Mорети беше обвинет и за отворање административна истрага против судијата Едуард Левро, кој се пожали дека бил прогонуван додека работел како истражен судија во Монако.

За време на истрагите за „случајот со прислушувањето“, испитани се телефонските разговори на многу адвокати, вклучувајќи ги и на Морети.

Пред да стане министер, Mорети беше адвокат на еден од полицајците обвинети од судијата Левро. Во тоа време ги критикуваше методите на судијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.