свет

Франција: „Жолтите елеци“ планираат протести, и покрај добрата волја на Макрон

Демонстрантите на „Жолтите елеци“ планираат да одржат протести во неколку француски градови, и покрај националната дебата започната оваа недела од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, со цел ублажување на нивниот гнев.

Ekip   | 19.01.2019
Франција: „Жолтите елеци“ планираат протести, и покрај добрата волја на Макрон

Paris

ПАРИЗ (АА) - Демонстрантите на „Жолтите елеци“ планираат да одржат протести во неколку француски градови, и покрај националната дебата започната оваа недела од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, со цел ублажување на нивниот гнев, пренесува Anadolu Agency (AA).

Истакнатите и провокативни демонстранти повикуваа денес на марш кој ќе започне кај парискиот Дом на инвалиди, каде што се наоѓа гробот на Наполеон, во чест на стотици повредени од започнувањето на протестите на 17 ноември. Десет лица загинаа во сообраќајни несреќи поради протестите.

Во Париз се повредени 5.000 полицајци, а најголемо присуство е забележано околку зградите на Владата и булеварот „Шанзелизе“, каде што претходните протести прераснаа во насилство. Илјадници полицајци се распоредени и во другите француски градови.

Оваа сабота се одбележува 10. викенд на протестите на „Жолтите елеци“ и значи тест за претседателот Макрон, па ќе се види колку јавната дебата која ја започна, ги намалила замавот и бесот на „Жолтите елеци“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın