свет

Франција: Бројот на починати лица поради Ковид-19 се искачи на 28.714

Потврдени се уште 597 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 224.070

Yusuf Özcan   | 29.05.2020
Франција: Бројот на починати лица поради Ковид-19 се искачи на 28.714

ПАРИЗ

Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.714 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.

Потврдени се уште 597 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 224.070.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 14.695 лица, од кои 1.361 се наоѓаат на интензивна нега.

Од Ковид-19 се излекувани уште 656 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 67.803.

Во последните 24 часа во болници починаа 52 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.714, од кои 18.387 починаа во болници, и 10.327 во домови за стари лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın