свет

Франција: Бројот на невработени во 2020 година се зголеми за 7,5 отсто

Иако во последното тримесечје бројот на невработени се намалил за 2,7 отсто, ако се земе предвид целата година, бројот на невработени минатата година се зголемил за 7,5 отсто во споредба со 2019 година

Alaattin Doğru   | 27.01.2021
Франција: Бројот на невработени во 2020 година се зголеми за 7,5 отсто

ПАРИЗ (АА) - Бројот на невработени во Франција во 2020 година надмина 3,8 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата ја потврди Дирекцијата за истражување, труд и статистики при Министерството за труд на Франција.

Според овие податоци, иако во последното тримесечје бројот на невработени се намалил за 2,7 отсто, ако се земе предвид целата година, бројот на невработени минатата година се зголемил за 7,5 отсто во споредба со 2019 година.

Бројот на невработени во категоријата „лица кои воопшто немале работа“ се зголеми за 265.400 и достигна 3.816.700 лица.

Бројот на лица кои имале кус или подолг период на привремена работа изнесува 2.190.200.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın