свет

Фоторепортерка на АА освои награда на престижното натпреварување „World Press Photo“

Во категоријата „Спортски приказни“ третата награда ја освои фоторепортерката на АА, Елиф Озтурк

Abdullah Aşıran   | 13.04.2019
Фоторепортерка на АА освои награда на престижното натпреварување „World Press Photo“

АМСТЕРДАМ (AA) - Фоторепортерката на Anadolu Agency (AA), Елиф Озтурк, освои трето место на престижното светско натпреварување во областа на фотографијата „World Press Photo“ (WPP), во категоријата „Спортски приказни“.

„World Press Photo“, независна организација која го поддржува фотоновинарството, во Амстердам ги прогласи добитниците на наградите за најдобри фотографии од целиот свет за 2019 година во повеќе категории.

Во категоријата „Спортски приказни“, третата награда ја освои фоторепортерката на АА, Елиф Озтурк, со фотографија на двајца млади пеливани, натпреварувачи на традиционалниот Фестивал во борење во Киркинар.

Озтурк воедно е прва жена фоторепортер од Турција која доби награда на ова натпреварување, поради што, како што и самата изјави, е многу горда.

Победник на овогодишното натпреварување е фотографијата „Девојче во солзи на граница“, на која може да се види девојче кое плаче покрај својата мајка која ја прегледуваат граничари во Тексас. Автор на фотографијата е Џон Мур, кој работи за „Гети имаџес“ (Getty Images).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın