свет

Филипини: Вулканот Тал и понатаму активен, евакуирани повеќе од 30.000 лица

Челникот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините, Ренато Солидиум, соопшти дека очекува дека вулканот во Батангас ќе биде активен и во наредниот период

İslam Uddin   | 14.01.2020
Филипини: Вулканот Тал и понатаму активен, евакуирани повеќе од 30.000 лица

МАНИЛА (АА) - Вулканот Тал на Филипините, кој еруптираше во неделата, продолжува да исфрла пепел поради што се евакуирани повеќе од 30.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Челникот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините, Ренато Солидиум, соопшти дека очекува дека вулканот во Батангас ќе биде активен и во наредниот период, јавува „Си-ен-ен Филипини“ (CNN Philippines).

Откажана е и наставата во училиштата во близина на вулканот.

Локалните медиуми јавуваат дека се воспоставени 118 евакуациски центри во кои досега се сместени 18.187 лица.

Претходно е соопштено дека на Меѓународниот аеродром во Манила се откажани 240 локални и меѓународни летови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın