свет

Фејсбук ќе ги ограничи емитувањата во живо по масакрот во Нов Зеланд

- Фејсбук објави дека ќе ги забрани профилите кои ги прекршуваат правилата на заедницата

Tolga Yanık   | 15.05.2019
Фејсбук ќе ги ограничи емитувањата во живо по масакрот во Нов Зеланд ( Dildar Baykan - AA )

ИСТАНБУЛ

Фејсбук објави дека привремено ќе ги забрани профилите кои преку емисии во живо ги прекршуваат правилата на заедницата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информацијата на порталот за вести од технологијата „CNET“, Фејсбук, по масакрот во Нов Зеланд, ќе ги забрани емисиите во живо на профилите кои ги прекршуваат правилата.

Фејсбук оваа мерка за емисиите во живо ја донесе откако во месец март, напаѓачот на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, го емитуваше нападот во живо преку Фејсбук. Во нападот, 51 лице го загуби животот.

Официјалниот претставник на Фејсбук, Гај Розен, во својата статија на личниот блог, истакна дека корисниците кои прекршуваат одредени социјални правила ќе бидат привремено блокирани од користењето на Фејсбук во живо.

Розен истакна дека корисниците што ќе имаат забрана да емитуваат во живо нема да можат да го користат и сервисот за реклами на Фејсбук.

„Од денеска ги заоструваме нашите критериуми за пренос во живо. На пример, ако корисник сподели некоја изјава на терористичка група, ќе му биде забрането да емитува во живо“, нагласи Розен.

Фејсбук, исто така, вложил 7,5 милиони долари за развивање на подобра технологија што ќе може да спречи злонамерна употреба на видеа и преноси во живо.

Напаѓачот на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, преку социјалните мрежи, вклучувајќи го и Фејсбук, го емитуваше нападот во живо. Фејсбук, исто така, објави дека не биле известени за 17-минутната емисија во живо, а првата жалба пристигнала 12 минути по завршувањето на преносот од нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.