свет

Фејсбук најави именување на правен претставник во Турција

„Донесувајќи ја оваа одлука, сакаме да ја нагласиме важноста на нашата платформа како место на кое корисниците можат да го остварат своето право на слобода на изразување", се наведува во соопштението од Силиконската долина.

Aysu Biçer   | 19.01.2021
Фејсбук најави именување на правен претставник во Турција

АНКАРА

Раководството на компанијата „Фејсбук" (Facebook) соопшти дека ќе именува формален застапник во Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека именуваното правно лице ќе делува за да таа социјална мрежа се усогласи со законот кој Турција го вовела минатата година.

„Донесувајќи ја оваа одлука, сакаме да ја нагласиме важноста на нашата платформа како место на кое корисниците можат да го остварат своето право на слобода на изразување", се наведува во соопштението од Силиконската долина.

Законот наложува именување на правни претставници за сите социјални платформи кои дневно остваруваат преку милион кориснички пристапи.

Новите законски одредби наложуваат и санкции во случај на престап, вклучувајќи парични казни, забрана на турските фирми да се огласуваат од платформите и ограничување на пристап.

Најновата одлука на „Фејсбук" донесена е ден пред да биде изречена забраната за огласување.

Заменик на турскиот министер за сообраќај и инфраструктури Омер Фатих Сајан го повика Твитер и другите платформи исто така да ги објават плановите за именување претставници за да го испочитуваат новиот закон за социјални мрежи донесен во октомври.

Сајан нагласи дека би било неправедно изречените казни да се сметаат како „интервенција врз слободата", истакнувајќи дека суштинска цел на новиот закон е да се заштитат слободите на поединецот.

„Тие (платформите на социјалните мрежи) мораат да се придржуваат до законот како што тоа го прават во ЕУ", порача Сајан.

Тој ги повика корисниците да бараат Твитер и другите кои пружаат слични услуги да продолжат да ги почитуваат законите во Турција.

„Ќе продолжиме да ја штитиме својата кибер татковина и дигиталните граници. Очекуваме поддршка од сите наши граѓани, како за оваа борба така и за локалните пракси", наведе Сајан.

Властите на Турција минатата година изрекоа казна од 40 милиони турски лири (5,43 милиони долари) за повеќе социјални медиуми, вклучувајќи го „Фејсбук", „Твитер" и „Јутјуб", поради непочитување на законот за социјални мрежи.

Досега руската страница на социјалните мрежи „VKontakte" (VK), како и „Јутјуб", „ТикТок", „Дејлимоушн", „ЛинкдИн" и „Инстаграм" одлучија да именуваат локални претставници во Турција.

Законот им налага на компаниите на социјалните мрежи на барањата на турската влада во врска со личните права и слободите да одговараат на турски јазик и во рок од 48 часа.

Платформите исто така, би требало да извршуваат полугодишни извештаи за своите стапки на одговори на таквите барања.

Законот предвидува казни за социјалните мрежи кои нема да се придржуваат до судските налози за остранување на илегалните мрежи.

Паралелно со тоа, компаниите за социјалните медиуми треба да преземат мерки за да податоците на локалните корисници во Турција бидат чувани во оваа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın