свет

Фејсбук избриша објава на Трамп бидејќи содржела „лажни тврдења за Ковид-19“

„Видеото содржи лажни тврдења во контекст дека група луѓе станале имуни на Ковид-19. Тоа претставува кршење на нашите правила кои се однесуваат на спречувањето на ширење дезинформации за Ковид-19“, порачаа од Фејсбук

Dildar Baykan,Michael Gabriel Hernandez   | 06.08.2020
Фејсбук избриша објава на Трамп бидејќи содржела „лажни тврдења за Ковид-19“

ВАШИНГТОН 

Социјалната мрежа Фејсбук го отстрани видеозаписот кој американскиот претседател Доналд Трамп го објави на својот официјален профил, а како причина на отстранувањето е наведено дека објавата содржела „лажни тврдења за Ковид-19“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Трамп претходно во повеќе наврати имаше „напнати односи“ со социјалната мрежа Твитер, a овој пат поради објавена содржина на релација со Фејсбук.

А за тоа што било спорно во содржината на објавата на Трамп, за АА открија функционерите на Фејсбук.

„Видеото содржи лажни тврдења во контекст дека група луѓе станале имуни на Ковид-19. Тоа претставува кршење на нашите правила кои се однесуваат на спречувањето на ширење дезинформации за Ковид-19“, порачаа од Фејсбук.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın