свет

УНИЦЕФ: Во Нигерија оваа година киднапирани 1.440 ученици

- Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека оваа година во Нигерија биле киднапирани 1.440 ученици.

Adam Abu-bashal   | 24.11.2021
УНИЦЕФ: Во Нигерија оваа година киднапирани 1.440 ученици

АБУЏА 

Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека оваа година во Нигерија биле киднапирани 1.440 ученици, известува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот објавен од УНИЦЕФ се наведува дека нападите насочени кон училиштата во Нигерија продолжиле да се зголемуваат.

Се истакнува дека од јануари во земјата се нападнати 25 различни училишта, а во овие напади киднапирани се 1.440 ученици.

Исто така, се наведува дека децата оние кои претежно се цел на напади кои со години се случуваат во западноафриканските земји. Во извештајот се упатува повик до нигериската влада на итна акција за спречување на ваквите инциденти.

Во нигериските држави Бенуе, Кадуна, Плато, Кацина и Замфара, ученици од голем број училишта се киднапирани во последните месеци.

Голем број училишта и универзитети мораа да го прекинат образованието поради нападите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın