свет

Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 27.200 руски војници

Од почетокот на војната на 24 февруари, украинските сили уништиле 200 руски авиони, 163 хеликоптери, 411 беспилотни летала, 1.218 тенкови и 2.934 оклопни возила

Seda Sevencan   | 14.05.2022
Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 27.200 руски војници

КИЕВ (АА) - Околу 27.200 руски војници досега загинале за време на војната во Украина, соопшти денес украинската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Најмалку уште 300 руски војници загинале во текот на изминатиот ден, според украинскиот Генералштаб.

Се наведува дека од почетокот на војната на 24 февруари, украинските сили уништиле 200 руски авиони, 163 хеликоптери, 411 беспилотни летала, 1.218 тенкови и 2.934 оклопни возила.

Русија изгубила и 195 руски системи на повеќецевни ракетни фрлачи, 2.059 возила, 95 крстаречки ракети, 88 противвоздушни системи и 13 чамци, се додава од Украинскиот Генералштаб.

Најмалку 3.573 цивили загинаа, а 3.816 се повредени откако Русија ја започна војната против Украина пред повеќе од два месеца, според проценките на ОН. Се стравува дека вистинскиот број е многу поголем.

Според Агенцијата за бегалци на ОН, над 6 милиони луѓе пребегнале во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın