свет

Украина ги прошири санкциите кон Русија

- Украинската Влада донесе одлука за проширување на економските санкции кон Русија

Emre Gürkan Abay   | 15.05.2019
Украина ги прошири санкциите кон Русија ( Arhiva - AA )

МОСKВА

Украинската Влада донесе одлука за проширување на економските санкции кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Вицепремиерот на Украина, а воедно и министер за економски развој и трговија на оваа земја, Степан Кубив, истакна дека на состанокот на Министерскиот совет на земјата била одобрена одлуката за вршење промена во листата на стоки произведени во Русија, кои се забранети да се увезуваат во Украина, одлука која содржи проширување на санкциите.

Кубив рече дека санкциите биле донесени за различни индустриски производи произведени во Русија.

„Ќе се спроведат санкции за различни руски производи, како минерални ѓубрива, земјоделски производи, возила за транспорт, иверица“, додаде тој.

Меѓу другото, премиерот на Украина, Владимир Гројсман, нагласи дека е забранет увозот на некои производи од Русија, и додаде: „Новите санкции ќе ги опфатат производите кои можат целосно да се произведуваат во Украина или може да се обезбедат на алтернативен начин“.

Администрацијата на Киев од 2014 досега стави во сила различни економски ограничувања кон Москва поради анексијата на Крим од страна на Русија и кризата во источниот дел на Украина.

Меѓу овие ограничувања се наоѓаат различни мерки, како запирање на директниот увоз на природен гас од Русија, забрани кон руските банки, како и ограничувања на воздушниот сообраќај меѓу двете земји.

Од друга страна, со декретот кој на 1 ноември 2018 година стапи во сила, Русија почна со примена на економски ограничувања кон 322 државјани на Украина и кон 68 украински компании.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın