свет

Узбекистан ќе инвестира 33 милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор

Владата ќе реализира над 30 инвестициски проекти со вложувања од 33 милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор во периодот помеѓу 2019 и 2025 година

Muhsin Barış Tiryakioğlu   | 17.05.2019
Узбекистан ќе инвестира 33 милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор

АНКАРА (АА) - Владата на Узбекистан до 2025 година ќе инвестира 33 милијарди долари во нафтениот и гасен сектор, соопшти денес државната нафтена компанија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на „Узбекнефтегас“ (Uzbekneftegaz), Владата ќе реализира над 30 инвестициски проекти со вложувања од 33 милијарди долари во нафтениот и гасниот сектор во периодот помеѓу 2019 и 2025 година.

Во 2014 година, 85,5 отсто од примарната енергетска потрошувачка во Узбекистан отпаѓаше на природниот гас. Истата година земјата произведе над 57,3 милијарди метри кубни природен гас, а потроши 48,8 милијарди метри кубни, покажуваат податоците на Светскиот енергетски совет (WEC).

Ташкент извезува природен гас преку гасовод. Во 2014 година, извозот на гас преку гасоводот се проценува на 8,5 милијарди метри кубни, од кои 4,1 милијарда метри кубни се увезени од страна на Русија, како најголем увозник.

- Стара инфраструктура и намалено производство -

Поради стареењето на инфраструктурата и недостигот на странски инвестиции и капитал, производството во земјата по 2003 година нагло се намали. Во 2010 година, Узбекистан произведуваше 59.000 барели нафта на ден, што претставува пад од 60 отсто од нивото во 2000 година.

Нафтените полиња откриени досега во Узбекистан се наоѓаат во југозападниот дел на земјата, во басенот Аму-Дарја, и на исток, во басенот Таџик-Фергана.

Целокупното производство на сурова нафта и кондензат (ултралесен облик на сурова нафта) во Узбекистан се врши во домашните рафинерии или се користи директно како суров материјал за петрохемиски производи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın