свет

Турција ја започна операцијата „Капан-3“ во југоисточниот дел на земјата

Во операцијата учествуваат вкупно 825 лица од безбедносниот персонал, вклучувајќи ја жандармеријата и полициските сили

Burak Dağ   | 13.01.2020
Турција ја започна операцијата „Капан-3“ во југоисточниот дел на земјата

АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека Турција ја започнала операцијата „Капан-3“ со цел елиминирање на терористите во југоисточниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Жандармериската команда ја започна антитерористичката операција во руралното подрачје на областа Хакќари“, се соопштува од Министерството.

Во операцијата учествуваат вкупно 825 лица од безбедносниот персонал, вклучувајќи ја жандармеријата и полициските сили.

Досега се идентификувани четири засолништа и уништени се 17 импровизирани експлозивни уреди, три рачни гранати, една пушка „калашников“ и голема количина предмети за секојдневна употреба.

Со тоа што Турција ја засили својата борба против терористите, таа во саботата ја започна операцијата „Капан“, со цел елиминација на терористите во југоисточната област Мардин, откако ја заврши операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата против терористите на ЈПГ/ПКК.

Минатиот август, Турција ја започна операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата против терористите на ЈПГ/ПКК во областите Ван, Хакќари и Ширнак, проследена со уште 10 повторувања на операцијата, вклучително и операциите „Киран-10“ и „Киран-11“.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın