свет

Турција упати остри критики кон предизборните ветувања на Нетанјаху

„ Турција ќе продолжи да стои покрај братскиот народ на Палестина и со сета моќ ќе продолжи да ја поддржува борбата на палестинскиот народ за независност“, се вели во соопштението

Nazlı Yüzbaşıoğlu   | 11.09.2019
Турција упати остри критики кон предизборните ветувања на Нетанјаху

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција, реагираше на изјавата во предизборната кампања на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „ќе ги анектира кон Израел“ нелегално изградените израелски населби што се наоѓаат во Западниот Брег“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение на турското Министерство за надворешни работи се вели: „Израелскиот премиер Нетанјаху прогласи дека доколку победи на изборите што ќе се одржат на 17 септември, ќе ги анектира нелегално изградените еврејски населби во Јорданската Долина на Западниот Брег, што претставува нов манифест на инвазијата и беззаконската практика врз подрачјето што Израел со десетици години продолжува да го држи под окупација. Во никој случај не е прифатлив обидот за ставањето пред свршен чин.“

„Целата меѓународна заедница не треба да остане нема пред Израел кој ги гази сите принципи и норми на меѓународното право. Повикуваме на најмоќен начин да се реагира. Турција ќе продолжи да стои покрај братскиот народ на Палестина и со сета моќ ќе продолжи да ја поддржува борбата на палестинскиот народ за независност.“

- „Изборното ветување на Нетанјаху претставува расистичка апартхејд држава“

Вчера турскиот министер за надворешни работи преку профилот на социјалната мрежа Твитер објави: „Изборното ветување на Нетанјаху, кој и понатаму испраќа илегални, незаконски и навредливи пораки, претставува расистичка апартхејд држава. До крајот ќе ги браниме правата и законот на нашите палестински браќа и сестри.“

- Ветувањата на Нетанјаху за анексија

На прес-конференцијата организирана пред предвремените избори закажани за 17 септември вети дека доколку биде повторно избран, „во најкус временски период“ Јорданската Долина која спаѓа под Западниот Брег, во координација со американската администрација „ќе биде анектирана кон Израел“.

Нетанјаху го имаше ветено истото и пред изборите што се одржаа на 9 април, доколку победи и формира коалициска влада. Американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, тврдеше дека Израел „е во право“ со барањето за анексија на одредени делови од Западниот Брег, давајќи му поддршка на Нетанјаху.

Од окупацијата на Западниот Брег од страна на Израел во 1967 година, на тие територии се изградени приближно 250 еврејски населби во кои живеат над 400.000 еврејски доселеници.

Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираната територија се сметаат за илегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.