свет

Турција со осуда на израелските напади врз Палестинците во џамијата Ал-Акса

„Силно ги осудуваме нападите на израелските безбедносни сили врз Палестинците кои извршуваа верски обреди во џамијата Ал-Акса, при што се повредени голем број палестински цивили“, се вели во соопштението турското МНР

Behlül Çetinkaya   | 08.05.2021
Турција со осуда на израелските напади врз Палестинците во џамијата Ал-Акса

АНКАРА

Министерството за надворешни работи на Турција силно го осуди нападот на израелските безбедносни сили врз Палестинците кои вршеле верски обреди во џамијата Ал-Акса, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Силно ги осудуваме нападите на израелските безбедносни сили врз Палестинците кои извршуваа верски обреди во џамијата Ал-Акса​​​​​​​, при што се повредени голем број палестински цивили“, се вели во соопштението на ова министерство.

Во соопштението се истакнува дека во текот на месецот на постот Рамазан, Израел ја имал како цел слободата за обожавање на палестинскиот народ и статусот на Харем-и Шериф.

„Израелската Влада, која ги предизвика овие случувања, ја повикуваме веднаш да стави крај на овој провокативен и агресивен став, и ја повикуваме на здрав разум“, се наведува во соопштението.

Според ова соопштение, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, за време на средбата одржана на 7 мај во Анкара со шефот на палестинската дипломатија, Ријад ел Малики, разговарал за чекорите што може да се направат на меѓународната сцена во оваа насока.

Во соопштението на турското МНР се нагласува дека Турција ќе продолжи да ја поддржува праведната кауза на палестинскиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın